Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ, му предложи на Винисиус Жуниор да не го напушта „Лос Бланкос“ и да ја прифати… Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ, му предложи на Винисиус Жуниор да не го напушта „Лос Бланкос“ и да ја прифати улогата на втор во тимот, зад Килијан Мбапе, затоа што инаку ќе зажали. „Подобро е да бидеш втора опција во Реал Мадрид, дури и ако си зад Килијан Мбапе, отколку прва во кој било друг тим во светот. Токму тоа може да му се случи на Винисиус или на кој било друг кој заминал: си одиш тажен, лут бидејќи не си ценет, итн… Сите овие приказни ги слушнав 1.500 пати“, рече познатиот поранешен напаѓач.