Вчерашниот тренинг на ПСЖ беше одбележан од враќањето на голем број репрезентативци, а меѓу нив беше и оној најсреќниот и најрасположениот, новиот светски шампион, Фабијан Руиз Шпанскиот играч за врска го почна турнирот како резерва, но во продолжение од турнирот повторно ја покажа својата класа на дело, па како тивок херој кој ретко добива комплименти во јавноста, Луис Енрике сега реши да го возвише името на Руиз пред да почнат главните дебати за „Златната топка“. Најпрестижното индивидуално признание оваа година ќе се додели во месец октомври, па на два месеци пред церемонијата, Лучо го спомена Фабијан Руиз како фудбалер кој дефинитивно ја заслужува наградата. Фабијан е „Златна топка“.