Смртта на таткото на Лео Меси, Хорхе Меси, на 68-годишна возраст по тешка болест, ги зближи Барселона и Реал Мадрид, кои јавно… Смртта на таткото на Лео Меси, Хорхе Меси, на 68-годишна возраст по тешка болест, ги зближи Барселона и Реал Мадрид, кои јавно изразија сочувство кон аргентинската ѕвезда. „Претседателот и Бордот на директори на ФК Барселона изразуваат најдлабоко сочувство поради смртта на Хорхе Меси, таткото на легендата на Барса, Лионел Меси, и во име на целото семејство Барселона, искрено сочувство до семејството Меси. ФК Барселона му се заблагодарува на Хорхе Меси за неговата посветеност кон нашиот клуб, на кој му ги довери првите години и најголемите моменти од фудбалската кариера на својот син Лео.