По слабата мината сезона, „кралевите“ решија пред почетокот на новата сезона значително да се засилат. Дојдоа левиот бек Кукуреља, стоперот Конате, десниот бек Думфрис, универзалниот мајстор Бернардо Силва, шпицот Карлос Еспи и најскапото засилување летово и втор најскап трансфер во историјата на Реал Мадрид - Јан Диоаманде. Реал Мадрид веќе ги објави и официјалните броеви: Кукуреља ќе носи 17, Конате 16ка, Думфрис број 24, Бернардо Силва досегашната 20-ка, Карлос Еспи 19 и Диоманде 25. Кецот останува за Тибо Куртоа.