Тигрес успеа да преживее два црвени картони и да го елиминира Ванкувер во Лига Купот во Северна и Средна Америка, но пред да слави мекиканскиот клуб на пенали, во самата завршница се случи една ситуација која стана вирален хит Нахуел Гузман е голман на Тигрес и со оглед на возраста може слободно да се каже дека направи една несекојдневна тинејџерска глупост, па има и среќа што тоа не го чинеше неговиот тим елиминација. Откако Тигрес веќе имаше играч помалку на теренот, Гузман имаше помрачување и реши сам да дели правда на теренот, па во ситуација кога требаше да изведе почетен удар од својот шеснаесетник, реши да трча 50-тина метри со топката во раце поради прекин на играта. 40-годишниот чувар на мрежата почна сам да воведува ред на теренот и тргна да изведува прекршок на средината, но пред да го направи тоа, го оттурна и главниот судија.