Холандскиот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Џошуа Зиркзе, ја ангажирал модната стилистка Сидни Лухис за целосно да му ја реорганизира гардеробата Целиот процес, од расчистувањето на плакарот до осмислувањето на новиот стил, бил снимен и објавен на ТикТок, каде што стилистката детално им покажа на своите следбеници како изгледала соработката со фудбалерот. Лухис допатувала во Манчестер за да го расчисти големиот вграден плакар на Зиркзе, да ја одвои облеката што повеќе не ја носи и да направи место за нови парчиња. Во видеото на ТикТок, кое собра повеќе од 100.000 прегледи, таа објаснила за што станува збор.