Кристијан Ромеро е блиску до трансфер во редовите на Интер, тој е личен избор на тренерот Кристијан Киву, но барем засега има две пречки кои треба да се надминат за комплетирање на договорот Тотенхем не е проблем бидејќи ќе прифати сума од 40 милиони евра за дефанзивецот, но неговата преселба во Милано е условена од две работи, од кои за едната мора да помогне и фудбалерот. Ромеро сака да го засили Интер и да му стане соиграч на Лаутаро Мартинез, но не сакал да игра за помала плата од досегашната, односно 6 милиони евра, плус бонуси од околу 500.000 евра. Доколку преговорите стигнат до завршната точка, можно е Ромеро да отстапи од првичната позиција и да ги прифати условите на „нероазурите“, но тоа би станало јасно дури во оваа етапа.