Оперативците на Интер полека влегуваат во самата завршница од активностите во летниот преоден рок, а со двете продажби кои ги најавија угледните италијански медиуми, се поизвесно е дека ќе бидат доведени и две посакувани засилувања за кои се преговара веќе некое време Италијанскиот шампион се најде во ситуација да продава за да ослободи простор за нови засилувања, а конечната одлука падна на Луис Енрике и Давиде Фратези. Интересно, двајцата фудбалери ќе бидат испратени во Рим, едниот во Рома, а другиот во редовите на Лацио, откако двата клуба се во завршни преговори за комплетирање на две посебни операции. Луис Енрике ќе игра една сезона како позајмен фудбалер во Рома и Гасперини ќе доби посакувано засилување на крилните позиции, со тоа што „волчицата“ на крајот од сезоната ќе има опција да го откупи целиот негов договор за 30 милиони евра.