Мемфис Депај реагираше жестоко откако Коринтијанс објави дека нема да му го продолжи договорот, но неколку дена подоцна, бразилскиот клуб сепак го смени својот став Целата драма започна откако сите во бразилската јавност, па и холандскиот фудбалер беа убедени дека тој останува во Коринтијанс, а такво нешто му било најавено и од клубот. Но, раководството направи целосен пресврт во својот став и објави дека поради деликатната финансиска ситуација, нема да биде продолжена соработката со Депај. Холанѓанецот реагираше жестоко поради промената на ставот, за неколку дена подоцна да биде постигнат договор за продолжување на соработката.