Микел Артета се најде во ситуација да има голем број решение во средниот ред, па кога во тимот го придодаде и Бруно Гимараеш од Њукасл, јасно е дека некој ќе мора да си замине до крајот на летниот преоден рок Самиот менаџер на Арсенал најави дека неколку фудбалери ќе си одат до крајот на овој месец, а најдобра почетна сума има продуктот од младинската школа, Мајлс Луис-Скели. Левиот бек кој одлично се докажа и како дефанзивен играч за врска е достапен на трансфер пазарот и Арсенал чека понуди за него, ситуација која го натера Вејн Руни да испрати ургентна реакција до Мајкл Карик и оперативците на Манчестер Јунајтед. Јунајтед не може да се потпре само на Лук Шо, тој не може да биде константен цела сезона и затоа сметам дека мора да се мисли на Луис-Скели.