Астон Вила ќе има целосно нов изглед во новата натпреварувачка сезона во Премиер лигата, не само поради заминувањата на важни фудбалери кои беа столбови на тимот, туку и поради возбудливите засилувања кои се донесоа како достојни замени Морган Роџерс, Јури Тилеманс, Лукас Дињ ги спакуваа куферите и си заминаа од Бирминге, на добар пат е тоа да го направи и Емилијано Мартинез, но Астон Вила донесе нови фудбалери и денеска претстави уште двајца. Покрај Манзамби, Гарначо и Жоао Гомеш, Астон Вила денеска придодаде уште двајца фудбалери во ростерот на Унаи Емери, а тоа се нов голман и нов лев бек. Зајон Сузуки пристигнува од Парма за сума од 35 милиони евра за да биде прв голман и наследник на Дибу Мартинез, додека левиот бек пристигна од Атлетико Мадрид.