Новиот Реал Мадрид на Жозе Мурињо вчера се претстави на „Сантијаго Бернабеу“, па иако се соочи со одредени проблеми во првото полувреме, во второто целосно го нокаутираше Реал Сосиедад и на крајот победи лесно со 4:1 Реално гледано, домаќините можеа да постигнат и многу повеќе погодоци во вторите 45 минути, но Мурињо си замина од теренот со голема насмевка на лицето, особено и поради фактот што ова за него претставуваше „второ деби“ во храмот на „кралевите“. Иако на крајот се беше перфектно за него, во првиот дел се слушаа и исвиркувања кога тимот не изгледаше најинвентивно на теренот, но Мурињо смета дека токму таквите високи барања од публиката ќе го однесат неговиот состав на уште повисоко ниво. Добар дел од оние кои сме тука, знаеме што може да очекуваме на „Бернабеу“ и благодарен сум на Бог што е така.