Во рамки на манифестацијата „Карпошово културно лето 2026“, претпладнево, во организација на… Во рамки на манифестацијата „Карпошово културно лето 2026“, претпладнево, во организација на ФК „Лепенец“, на фудбалските терени на клубот во населеното место Бардовци започна дводневниот младински фудбалски турнир. Како што соопштија од Општина Карпош, во него учествуваат 32 екипи поделени во две генерации: 2016 (шеснаесет екипи) и 2017-та година (шеснаесет екипи). Овој настан има за цел да ги промовира спортските вредности, фер-плејот, другарството и здравиот развој на младите генерации преку спортот. На спортскиот турнир, присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски, кој истакна дека спортот е одлична можност младите да го развиваат својот потенцијал, да се учат на дисциплина, одговорност, правилни животни вредности и да ја насочуваат својата младешка енергија во вистински правец.