Огромни сума на пари се вртат во светот на фудбалот, а тоа особено се гледа во преодните рокови каде клубовите фрлаат неверојатен „кеш“ за играчи кои тоа не го заслужуваат. Меѓутоа одвреме навреме имаме и некои сосема спротивни ситуации, примери, последниот е оној со искусниот холандски интернационалец Мартен Де Рон кој за симболична сума на пари направи трансфер од Аталанта во Рома. Мартен цела деценија беше дел од „Ла Деа“, играч кој имаше навистина значен придонес во успешите на овој клуб во споменатиот период од кој најголем беше освоениот пехар во Лига Европа.