Вест Хем драстично го намали буџетот и мораше да ги продаде своите најдобри фудбалери поради испаѓањето во понизок ранг, но во тимот се уште задржа елитни и звучни имиња како Боуен, Соучек, Кастелјанос, Мавропанос и Ворд Праус Менаџерот Нуно Еспирито Санто реши да не го напушти бродот кој тоне и како кормилар одлучи да го продолжи проектот и во Чемпионшип лигата, а бидејќи негова цел ќе биде експресно враќање во Премиер лигата, до крајот на месец август ќе биде потребно да се доведат уште неколку засилувања. Португалскиот стручњак веќе неколку недели го бара Трој Парот од АЗ Алкмар, но бидејќи преговорите не напредуваат меѓу двата клуба, сега се појавија гласини дека Нуно се свртел на една интересна опција. Џејми Варди ја заврши едногодишната авантура во Италија откако Кремонезе испадна во Втора лига, па во период кога искусниот голгетер чека официјална понуда за враќање во Англија, се погласно се споменува опцијата да заврши во Лондон.