Роберт Левандовски го предводеше Чикаго на домашен терен во дуелот со актуелниот МЛС шампион Интер Мајами, а интересот за натпреварот обезбеди и нов рекорд на посетеност на стадионот на Фајр. Левандовски постигна гол, Меси испорача важна асистенција во ремито 1:1, но на теренот имаше и тензични моменти, кои сега се вирални на социјалните мрежи. Во една мешаница во која Левандовски се туркаше со играч на Интер Мајами, се вмеша и „телохранителот“ Родриго Де Пол, кој реши да се му спротивстави на полскиот интернационалец.