Челси отвори со победа на стартот на новата сезона во Премиер лигата и го доби трилер дуелот со Фулам во малото лондонско дерби, но иако Чаби Алонсо може да биде задоволен од офанзивниот дел на играта на неговиот тим, јасно е дека ќе мора да коригира доста нешта во дефанзивна смисла Фулам знаеше како да нанесе штета и постигна два гола во поразот од 2:3, па во период кога Челси троши многу пари и се очекува да добие уште некое засилување до крајот на летниот преоден рок, навистина чудно е како клубот не доведе нов голман. Роберт Санчез беше жестоко критикуван од познатите експерти минатата сезона и беше посочен како најслаба алка во тимот на Челси, но и покрај таквиот статус кој го ужива во Англија, тој засега останува стартен голман на Челси. Санчез имаше навистина лоша реакција при првиот гол кој го постигна Фулам вчера за 1:1, па откако медиумите и аналитичарите повторно му се нафрлија, Алонсо реши да застане во одбрана на својот сонародник.