Јувентус иако беше поконкретен не успеа да слави над Милан во големото дерби во Серија А „Старата дама“ имаше неколку шанси, полушанси кои не ги искористи, па стигна казната по што домаќинот мораше да притиска за да се спаси од пораз и тоа се случи со голот на дефанзивецот Гати во судиското продолжение. Тренерот на „бјанконерите“ Лучано Спалети смета дека неговата екипа мората да биде похрабра и да дони подобри одлуки. Ова се темелите врз кои треба да се гради, бидејќи ние вложивме одлични перформанси, Јувентус постојано притискаше и се обидуваше да го зголеми темпото на играта дури и при резултат 0-0. Имавме правилни намери, но очигледно треба да ги подобриме изборите што ги правиме, а не да бараме дозвола во овие натпревари.