Даниел Малдини беше позитивен на алкотест и му е одземена возачката дозвола по сообраќајната несреќа со „Порше Карера“, во која беше вклучен… Даниел Малдини беше позитивен на алкотест и му е одземена возачката дозвола по сообраќајната несреќа со „Порше Карера“, во која беше вклучен вчера наутро во Милано. Фудбалерот на Каљари регистрираше вредности од 0,91 мг/л на првиот тест и 0,89 мг/л на вториот, кои беа направени на местото на настанот од страна на општинската полиција. Се очекуваат резултатите од болницата за да се верификува присуството на наркотични супстанции.