Фудбалерите на Брера Струмица со победа стартуваа во квалификациите во младинската Лига на шампиони, совладувајќи го на гостински терен првакот на Андора,… Фудбалерите на Брера Струмица со победа стартуваа во квалификациите во младинската Лига на шампиони, совладувајќи го на гостински терен првакот на Андора, Санта Колома, со 3-0 (0-0). Македонскиот шампион доминираше од самиот почеток на натпреварот, а отпорот на противникот го скрши во вториот дел. Бучков во два гола, во 57. и 80. минута ја навести победа на Брера, а триумфот го запечати Кулески во 87 минута. Реваншот е на програмата на 14 октомври во Струмица.