Тој се изјасни за виновен по десетици обвиненија вчера во судот во Манчестер во северна Англија, Тој се изјасни за виновен по десетици обвиненија вчера во судот во Манчестер во северна Англија, вклучувајќи силување, обид за силување, сексуален напад и давање супстанца со намера да ја повреди, објави CNN. Мажот, кој е во 60-тите години, не може да се именува за да се заштити идентитетот на неговата сопруга. Првично сопругот ги негираше сите обвиненија, но ова лето се изјасни за виновен по пет обвиненија за силување, шест обвиненија за сексуален напад со пенетрација, три обвиненија за сексуален напад и едно обвинение за неовластено споделување интимни фотографии од неговата сопруга.