Градоначалникот Митко Јанчев, денес оствари официјална средба со делегација од Министерството за Градоначалникот Митко Јанчев, денес оствари официјална средба со делегација од Министерството за регионална соработка на Државата Израел, која престојува во Македонија предводена од г-дин Гилат Шадмон генерален директор на Министерството за регионална соработка на Израел. На средбата беше разговарано за можностите за унапредување на институционалната и регионалната соработка, со посебен фокус на иновациите, претприемништвото, технолошкиот развој и размената на искуства и добри практики. Посетата има за цел да отвори можности за идни партнерства и конкретна соработка меѓу институциите, бизнис-секторот, стартапите и другите релевантни чинители од двете земји.