Јирген Клоп вчера го одржа првиот тренинг како селектор на германската фудбалска репрезентација, а во ситуација кога се реши за еден мал експеримент со два тима, искусниот стручњак на воведниот собир прозиваше повеќе од 40 фудбалери. Интересниот метод за кој се одлучи Клоп има своја позадина и главната цел е да направи природна селекција од фудбалери за кои смета дека имаат репрезентативен потенцијал, но иако е премногу рано да прави било какви заклучоци за тоа со што поседува во овој момент, поранешниот менаџер на Ливерпул веќе почнал да воведува ред со промена на неколку правила. Поточно, како што информираат угледните германски медиуми, Клоп имплементирал четири јасни правила за старт на новата ера во репрезентацијата, а истите се однесуваат на точноста, мобилните телефони, личните фризери и семејствата.