Зинедин Зидан ќе дебитира на клупата на француската репрезентација на дуелот со Турција, а медиумите најавуваат дека е подготвен за експеримент, односно формација 4-3-3, во која Килијан Мбапе би играл на левата крилна позиција. Првата ѕвезда на францускиот состав последен пат играше на таа позиција во поразот во полуфиналето на ЕП 2024 од Шпанија, по што Дидие Дешамп, но и неговите тренери во Реал Мадрид го префрлија централно во нападот. Идејата на Зидан е да игра со Мбапе и Олисе како крилни напаѓачи и Дембеле во средината, а главен проблем за ваквата формација е фактот што Килијан не се ангажира доволно во играта во одбрана и остава многу простор на таа лева страна.