Ерлинг Халанд донесе победа за Манчестер Сити на вчерашниот меч против Ковентри, натпревар на кој фаворитот не блескаше, не одигра како што се оечкуваше, меѓутоа дојде до целта, ги освои трите бода и го задржа максималниот учинок во Премиер лигата „Граѓаните“ во моментов се единствениот состав со „три од три“, Халанд како главна ѕвезда е задоволен поради тоа, но е свесен дека како тој така и соиграчите можат и мораат да бидат на повисоко ниво. Мислам дека почнавме навистина добро и мислам дека првото полувреме беше навистина добро, создадовме многу шанси. Мислам дека требаше да постигнам уште неколку гола, да бидам искрен, но не го направив тоа, па затоа треба да вежбам повеќе на тоа.