Боб Петит, првиот добитник на наградата за најкорисен играч (МВП) во историјата на НБА лигата, Боб Петит, почина на 93-годишна возраст, објави денеска Кошаркарската куќа на славните, во која беше примен во 1971 година. Петит беше првиот добитник на МВП наградата откако беше воведена во 1956 година, а го освои признанието по втор пат во 1959 година. Петит ги предводеше Сент Луис Хокс до шампионската титула во 1958 година, кога постигна 50 поени во решавачката победа од 110-109 над Бостон во шестиот натпревар од финалната серија.