Гарбахоса оцени дека Македонија напредува во градењето партнерски однос со ФИБА, што претставува значаен сигнал за иднината и можностите на земјата за организација на нови големи европски натпревари.
„Успешната реализација на првенството во Скопје и Гевгелија е уште една потврда дека Македонија има капацитет да биде домаќин на меѓународни кошаркарски настани и да ја зацврстува својата позиција во европската младинска кошарка Скопје и Гевгелија беа домаќини на Европското првенство за кошаркари до 16 години, Дивизија Б, а Македонија доби позитивни оценки за начинот на кој го организираше шампионатот.