Претседателот на Партизан, Остоја Мијаловиќ, потврди дека белградскиот клуб е меѓу 11-те кандидати.
„"Работата сè уште не е завршена, но сме на вистинскиот пат“, напиша Мијаловиќ на „X“. Партизан се обидува да обезбеди долгорочна лиценца откако повторно се врати во Евролигата во 2022 година Единаесет екипи доставиле предлог-понуди за добивање долгорочна франшиза во Евролигата, со вкупна вредност од речиси 700 милиони евра . Според „Sport24“, меѓу кандидатите се Партизан, Црвена звезда, ПАОК, Хапоел Тел Авив, Виртус Болоња, Валенсија, Париз, Лондон Лајонс, Дубаи Баскетбол, Наполи Баскетбол и Максима Рома . Процесот започна во јули, а Евролигата планира да додели до осум нови долгорочни лиценци за сезоната 2027/28 . Вкупната вредност на франшизите е проценета на речиси 700 милиони евра, додека очекуваните инвестиции на клубовите во следните пет години надминуваат 3,2 милијарди евра . Конечната одлука ќе биде донесена по дополнителна анализа на понудите, а препораките треба да бидат претставени на состанокот на сопствениците на Евролигата кон крајот на септември.