Реал Мадрид официјално го потврди Демијан Џонс, кој потпиша договор со „кралскиот клуб“ до јуни 2027 година. 31-годишниот кошаркар во Мадрид пристигнува со деветгодишно НБА искуство, во кое одигра 293 натпревари. Најголем успех оствари со Голден Стејт Вориорс, со кој освои две шампионски титули, во 2017 и 2018 година.