Младиот охридски кошаркарски тренер Антонио Савевски, кој трагично го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа на патот Охрид – Кичево, ќе биде погребан в недела, 6 септември, на Градските гробишта во Охрид. Посмртните останки на Савевски ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта од 12 до 12:30 часот, по што ќе биде извршен погребот.