Машката штафета на Велика Британија, 4х200 метри слободно, во состав Мет Ричардс, Џек Мекмилан, Џејмс Гај, Данкан Скот стана нов европски првак и со резултат 7:01.52 минути (нов рекорд на шампионатите) ја победи конкуренцијата. Французите Леон Маршан, Натан Ларжерон, Колен Кристофини, Роман Фукс освоија само сребро, а Германците Лукас Мертенс, Јанис Соргиус, Јарно Башнит, Корнелиус Јан се закитија со бронза. Во женската штафета 4х200 метри слободно исто така доминираа Британките.