Најзаслужен за денешната победа беше голманот Дино Славиќ, кој имаше 15 одбрани.
„Во првиот натпревар од денешната програма Загреб ја совлада репрезентацијата на Египет до 20 години со 38:28. Утре (четврток) на програмата се нови три натпревари: Војводина – Египет М20 (почеток 16:30 часот); Олимпијакос – Тримо Требње (почеток 18:45 часот) и Вардар – Нексе (почеток 21 часот) Ракометарите на Охрид ја постигнаа и втората победа на турнирот „Крсте Андоновски“ откако вечерва на домашен терен ја совладаа Војводина со 29:19. Ова всушност е двојна победа за победникот на Европскиот ЕХФ куп бидејќи истиот натпревар е и дел од Регионалната лига.