Овој летен одмор дефинитивно ќе остане врежан во сеќавањето на една од најдобрите македонски ракометарки, која пред самиот старт на возбудувањата во Супер женската лига доживеа вистинска романса. Познатото лево крило на Спартак, Анастасија Николовска, стави свршенички прстен на раката откако нејзиниот партнер, македонскиот каратист Виктор Крстевски, и приреди запросување на самата плажа. Овој спој на ракометот и каратето резултираше со судбоносно „ДА“ под отворено небо, покрай звукот на брановите, со што парот официјално ја круниса својата долгогодишна љубов.