Со емотивна почит и сеќавање на младата ракометарка Андреа Ампова, во Делчево… Со емотивна почит и сеќавање на младата ракометарка Андреа Ампова, во Делчево денеска беше отворен вториот меѓународен меморијален ракометен турнир што го носи нејзиното име. Турнирот, кој се одржува на 5 и 6 септември, ги обедини младите ракометарки преку спортот, дружењето и заедничкото сеќавање на Андреа, чија голема љубов бил ракометот. На турнирот учествуваат екипи од Македонија, Србија и Бугарија.