Андреа Лекиќ која има богато искуство од самиот врв на светскиот ракомет е една од петте паналистки на Првиот Женски ракометен форум, кој е прв во регионот, а главен организатор е РФМ. Во 2013 година беше прогласена за најдобра ракометарка во светот, истата година кога со репрезентацијата на Србија го освои сребрениот медал на Светското првенство. Со Ѓер ја освои Лигата на шампионите, а македонската публика особено ја памети од петте сезони во дресот на Вардар, со кој двапати играше во финалето на европската елита.