Хулијан Алварез вчера се појави во тренинг центарот на Атлетико Мадрид и не беше пречекан од ниту еден од најважните претставници, а според шпанските медиуми, ова било добро осмислен план од Диего Симеоне Најавениот кам-бек на светскиот вицешампион се поклопи со терминот кога Чоло им даде два слободни дена на своите фудбалери, па додека Алварез одработувал медицински тестови во Мадрид и одработувал вежби во теретана, Симеоне се разладувал на Ибица. „Мундо Депортиво“ открива дека Алварез не бил пречекан ниту од водечките директори на клубот, а во ситуација кога станува јасно дека тие иницијално избегнуваат контакт со аргентинскиот напаѓач, се отвора сценарио според кое „Пајакот“ би се дрзнал на радикален потег. Атлетико не сака да преговара со својот напаѓач и не сака да слушне ниту една понуда од Барселона, а доколку работите не се поправат во наредните неколку дена, не се исклучува сценарио Алварез да бојкотира и да не се појавува на тренинзите на Атлетико.