Една седмица подоцна Аргентина ја освои титулата на Светското првенство на истото место, победувајќи ја тогашна Западна Германија со 3:2. Од Heritage Auctions ја потврдија автентичноста на топката со писмо што го добија од судијата на натпреварот, Тунижанецот Али Бенасер, од 2023 година, во кое тој потврдува дека ја задржал единствената топка што била користена за време на натпреварот, која била во негов посед повеќе од 30 години, а во кое се наоѓаат и потписите на неговите помошници од тој натпревар.
„Пред четири години, дресот што го носеше Марадона на натпреварот против Англија во 1986 година беше продаден на аукција за 9,3 милиони долари.