Луис Енрике самиот си постави цел и најави дека ПСЖ ќе брка израмнувњае на уникатниот рекорд на Реал Мадрид кога се во прашање три последователни титули во Лигата на шампиони, но воведниот предизвик во новата сезона сепак ќе биде Суперкуп натпревар против Астон Вила кој се игра вечерва Европскиот шампион ќе игра за првиот трофеј со победникот во Лигата на Европа, а во најавата за мечот, друштво на Лучо на прес-конференцијата му правеше капитенот Маркињос. Бразилскиот стопер вели дека играчите на ПСЖ ќе дадат се од себе за да освојат нов трофеј, па потоа да ја бранат титулата во Лигата на шампиони, а се потсети и на првите зборови кои им ги потенцирал Луис Енрике кога првпат го преземал тимот. Тројна круна во Лигата на шампиони едноподруго е мисија која ја имаме за новата сезона, но ќе одиме чекор по чекор.