Новак Ѓоковиќ во изминатите две-три години во повеќе наврати се најде во ситуации во кои многу брзо „издишува како балон“, а тоа посебно доаѓа до израз кога игра на турнирите во САД и во Австралија каде се игра во екстремни услови Високите температури и високата влажност ги прават мечевите исклучително непријатни за големиот грен слем рекордер, кој вчеравечер загуби меч на кој изгледаше дека има добри предуслови да победи. Новак го доби првиот сет против Аргентинецот Тиранте со 6:2, но физичките проблеми се активираа во вториот сет, по што Србинот имаше ситуации во кои едвај стоеше на нозе. Иако успеа да ја преброди кризата и да живне, Новак не пронајде доволно сили за да го врати мечот во свои раце, па на крајот загуби со 6:4 и 6:4 во вториот и третиот сет и се збогуваше уште во воведната рунда во Синсинати.