„На натпреварот на Мавровското Езеро учествуваа 33 екипи од повеќе држави, а во текот на натпреварувањето беа изловени вкупно 495 парчиња крап, со вкупна тежина од 1.375,5 килограми (кг). Првото место го освои тим од Литванија со уловени 46 парчиња и тежина од 117,4 кг, второ место: Carp Pro Puhatch Baits 3 (Украина) – 38 парчиња тешки 102,2 кг, а третото место: Carp Pro Puhatch Baits 4 (Украина) – со 35 парчиња и вкупна тежина од 98,1 кг. Најголемата риба од водите на Мавровско езеро ја улови тимот од Хрватска 1 со тежина од 9,610 кг. Домаќините на овој меѓународен натпревар ЈУ Национален парк „Маврово“ им честита на победниците и на сите учесници за одличниот натпревар, спортскиот дух и успешното одржување на овој значаен меѓународен настан.