Македонските судии Елена Соклевска Илиевски, Тамара Цветановиќ, Ангелчо Ристов и Александар Николоски… Македонските судии Елена Соклевска Илиевски, Тамара Цветановиќ, Ангелчо Ристов и Александар Николоски добија значајни назначувања во завршницата на фудбалските натпревари на Медитеранските игри во Таранто. Тројца од нив ќе бидат дел од судискиот тим на женското финале, додека Николоски е делегиран за натпреварот за третото место во женска конкуренција. Соклевска Илиевски, Цветановиќ и Ристов денеска ќе делат правда на финалниот натпревар меѓу Португалија и Италија, кој ќе се одигра од 19 часот на стадионот „Еразмо Јаковоне“.