Денес во Њујорк се играа првите натпревари од второто коло на гренд слемот УС Опен. Број 3 во светот, шпанецот Карлос Алкараз,… Денес во Њујорк се играа првите натпревари од второто коло на гренд слемот УС Опен. Број 3 во светот, шпанецот Карлос Алкараз, победи со пресврт 3-1 против португалецот Ж.Фариа (4-6, 6-0, 6-3, 6-2). Во третото коло напредуваат американецот Томи Пол, кој го победи со 3-1 Д.Призмич, како и гркот Стефанос Циципас (го победи со 3-1 Л.Харис). Билет за понатаму обезбедија и чехот Јири Лехечка, канадецот Денис Шаповалов, американецот Бен Шелтон и русинот Даниил Медведев.