Познатиот француски тениски тренер со грчко потекло, Патрик Муратоглу, изнесе прилично контроверзен став за тоа што во моментов му се случува на српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, велејќи дека не верува оти станува збор за физички, туку за ментални тешкотии. Во видео објавено на социјалните мрежи детално го образложи својот став, а големо внимание предизвика откако истакна дека смета оти Ноле сè уште игра затоа што ја бара љубовта на публиката, која „отсекогаш повеќе ги сакала Надал и Федерер“. Поранешниот тренер на бројни тениски ѕвезди, како Серена Вилијамс, Стефанос Циципас, Симона Халеп, Холгер Руне и Наоми Осака, кој најголемите успеси ги постигна со Американката, освојувајќи дури десет гренслем-титули, неколку дена подоцна на социјалните мрежи објави фотографии со својата девојка.