Италијанската фудбалска репрезентација се врати на победнички пат во Лигата на нации, откако на гостувањето во Бурса убедливо ја совлада Турција со 4:1. Александро Бастони го отвори резултатот во 9. минута, а Давиде Фратези во 22. минута зголеми на 2:0. Италијанците продолжија со офанзивна игра, а до крајот на првиот дел Кајоде погоди за убедливи. Италијанската фудбалска репрезентација се врати на победнички пат во Лигата на нации, откако на гостувањето во Бурса убедливо ја совлада Турција со 4:1. Александро Бастони го отвори резултатот во 9. минута, а Давиде Фратези во 22. минута зголеми на 2:0. Италијанците продолжија со офанзивна игра, а до крајот на првиот дел Кајоде погоди за убедливи 3:0. Турција се обиде да се врати во натпреварот на почетокот од второто полувреме, кога Јилмаз во 47. минута намали на 1:3. Сепак, надежите на домаќините кратко траеја, бидејќи Италија само три минути подоцна постигна и четврти гол преку Еспозито. За Италија ова е прва победа во групата по поразот од Белгија на стартот.