Вчера во Лондон се одржа премиерата на втората сезона од серијата „MobLand“, во која глумат Хелен Мирен, Том Харди, Пирс Броснан и многу други. И додека серијата го следи семејството Хариган, поранешниот таен агент 007 одлучил и црвениот килим да го претвори во „семејна работа“, па на премиерата пристигнал со своето најмладо дете, Парис Броснан. Пирс изгледал феноменално во беспрекорен костум со пруги и дворедно закопчување, кој го комбинирал со кошула и црна вратоврска со дезен.