Пејачот Здравко Чолиќ уште во 2023 година купи луксузен стан кај Пула во Истра, но во него сè уште не може да ужива со своето семејство бидејќи вселувањето доцни. Според информациите, во новата недвижност, која се гради во рамките на атрактивен и скап проект сместен на границата меѓу марината и Пјешчана Увала, Чола ќе може да се всели најрано во пролет следната година. Легендарниот пeјач тогаш за свој нов дом на хрватското приморје избра помал стан во една од петте згради со вкупно 150 станови, сместени на ридот над марината што се издига над заливот и од каде што, дури и од пониските катови, се протега поглед кон бродовите, хотелот, Веруда Порат, Верудела, Пјешчана Увала и Фратарски остров.