Во пресрет на судењето на Дуан Кеф Д. Дејвис, закажано за 10 август, деталите за пукањето во Лас Вегас во 1996 година, во кое беше убиен Тупак Шакур, а ранет Суџ Најт, повторно се во фокусот Дејвис, кој е обвинет за организирање на нападот од возило во движење, беше уапсен во 2023 година и се изјасни за невин. Според полицијата и обвинителите, злосторството произлегло од жестокото ривалство на хип-хоп сцената, со судир меѓу групи поврзани со источниот и западниот брег на Соединетите Американски Држави. На 7 септември 1996 година, Шакур бил на совозачкото седиште во црно БМВ управувано од Марион Суџ Најт кога бел кадилак им се приближил од десно и испукал куршуми.