Шер ја обвини својата снаа, Марианџела Кинг, дека се вмешала во битката за старателство над нејзиниот син Елајџа Алман исклучиво за пари, преку нејзините адвокати. Во судските документи поднесени во вторник, 1 септември, правниот тим на Шер одговори на барањето на Кинг судот да ја назначи за старател на Елајџа Алман, објави списанието „Ус“ магазин“ Во поднесокот се наведува дека семејството остро се противи Кинг да ја преземе улогата на старател. Како причини ја наведуваат нивната отуѓеност, што го потврдува и претходно започнатата бракоразводна постапка, како и нејзиното одбивање да им помогне на Елајџа и на семејна пријателка во периодот кога тој имал проблеми пред апсењето во Њу Хемпшир.