Популарната емисија се враќа на 4 септември со тројца нови водители и многу автомобили По заминувањето на Џереми Кларксон, Ричард Хамонд и Џејмс Меј, кои се простија од „The Grand Tour“ во 2024 година, популарната автомобилска емисија добива целосно нова водителска постава. Нивните места ги презедоа Френсис Буржоа, Џејмс Енгелсман и Томас Холанд, а „Amazon“ сега го објави првиот вистински трејлер за новата сезона, која пристигнува на 4 септември. Иако трејлерот е составен од низа кратки сцени и не открива премногу контекст, се чини дека тројцата ќе се испробаат во предизвик со евтини половни автомобили.