Тејлор Свифт објави нов, само 13-секунден тизер за спотот за песната „Patient Zero“, во кое се… Тејлор Свифт објави нов, само 13-секунден тизер за спотот за песната „Patient Zero“, во кое се појавуваат актерите Дакота Џонсон и Колин Фарел. Кратката снимка премиерно беше прикажана денеска на „Си-би-ес морнингс“, а целото видео ќе биде прикажано на 27 септември на доделувањето на Ем-ти-ви видео музичките награди, а песната ќе биде објавена в петок. A post shared by Taylor Swift (@taylorswift) Видеото го сними оскаровецот Емануел Лубецки, познат по својата работа на филмовите „Повратник“ (The Revenant), „Човекот-птица“ (Birdman) и „Гравитација“ (Gravity). Изборот на бројот не е случаен – 13 одамна има посебно значење за пејачката и често се појавува во нејзините најави.